Градоначалникот Јаневски им се заблагодари на компаниите – генерални спонзори на Струмичкиот карневал

Градоначалникот на општина Струмица Коста Јаневски, денеска, организираше средба со претставниците на компаниите кои што беа генерални спонзори на Струмичкиот карневал 2017. 25348630_1486951541358271_6237128512405309060_nТој им се заблагодари за поддршката на оваа вековна и препознатлива манифестација која што на Струмица и донесе светска слава, изразувајќи надеж дека таа ќе продолжи и понатаму. Во знак на благодарност им врачи и пригодни подароци, а претставниците на компаниите – генерални спонзори на карневалот, ја потврдија желбата за понатамошна поддршка. На средбата присуствуваа и претседателот на Советот на општина Струмица,Марјан Даскаловски, претседателот на Организациониот одбор на карневалот Александар Цицимов и членови на истиот.24991197_1486952084691550_1577830465731155175_n 25151936_1486951911358234_1228477927349099239_n

Comments are closed.

Capture