Академија Пандев повторно поразена од шампинот Вардар

Екипата на Академија Пандев повторно беше поразена од актуелниот шампион Вардар, откако денес на арената „Филип Втори“ со резултат од 3:1 го загубија дуелот од Вардарци.

Блажевски во 19. минута од натпреварот го отвори резултат за 1:0 за домаќините. Веќе во 33. минута Вардар имаше предност од 2:0, откако Хамбарџумјан ја смести топката во противничката мрежа.

DSCN9099-696x522

Во вториот дел Пандевци имаа подобра игра, па во 57. минута ја намалија предност на Вардар на 2:1 откако Јани Атанасов беше прецизен од белат точка.

Конечните 3:1 ги постави Хамбарџумјан.

Вардар со 35 бода е на втората позиција со натпревар помалку во однос на лидерот на табелата Шкендија, која има 46 бода, додека Академија Пандев со 25 бода останува на четвртото место на табелата.

Comments are closed.