Моја, твоја и наша Струмица – за Светите Петнаесет маченици

Секоја година во Струмица се прославува 11 декември, денот на Светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици – заштитници на градот кои во 4 век ја проповедале христијанската вера во Тивериопол (денешна Струмица).

Sts._15_Martyrs_of_Tiveriopolis_(7)

Тимотеј, Комасиј, Евсевиј и Теодор дошле во Тивериопол. Започнале да го шират христијанството меѓу жителите на градот, а ги прифатиле и им се придружиле и Петар, Јован, Сергиј, Теодор и Никифор, како и Василиј и Тома заедно со монасите Еротеј, Даниил, Харитон и Сократ. За многу кратко време се прочула нивната слава на доследни проповедници и чудотворци. Но наскоро биле погубени зашто не сакале да се потчинат на царската паганска наредба и одбиле да се поклонат и да им принесат жртва на паганските богови. Иако тоа се случило на ден 28 ноември (361г. или 362г.) нивното име се слави на 11 декември според јулијанскиот календар.

Откако светителите биле осудени на смрт со отсекување на главата, нивните тела им биле расфрлени. Локалните христијани им ги зеле телата и ги положиле – секој во посебен ковчег со своето име и опис. По многу години и опустошувања на градот, како и срамнување со земјата на божјите храмови, така и ковчезите биле долго време затрупани и според тоа непознати за никого. Подоцна биле откопани и низ народот се прочуло какви чуда се случувале од моштите на овие маченици.

1024px-Sts._15_Martyrs_of_Tiveriopolis_(5)

Денес, во Струмичката епархија е изградена црквата ,,Свети Петнаесет”, а во целиот комплекс посветен на мачениците се вклучени цркви од различни временски периоди како што се претхристијанската и ранохристијанската базилика. Во крстообразната црква е пронајдена досега најстарата фреска во Македонија на која се претставени свештеномачениците. Подни мозаици се зачувани во претхристијанскиот храм, а ранохристијанската базилика претставува археолошко наоѓалиште каде постои веројатност да се и дел од моштите на мачениците, под струмичко тло. Комплексот вклучува и реновирани манастирски конаци кои се отворени за посетители кои имаат желба да преноќеваат овде. Во манастирската црква се одвива редовен литургиски живот, а култот кон Тивериополските маченици е запишан во книжевен извор од страна на Теофилакт Охридски (кон крајот на 11в. или почетокот на 12в.) и истиот е воспоставен и со портретите на мачениците преку фреските и иконите.

Весна Д.

Sts._15_Martyrs_of_Tiveriopolis_(6)

Comments are closed.

Capture