Комплекс цркви на Св.15 Тивериополски свештеномаченици

Еден од христијанските објекти во Струмица е и комплексот цркви “Св. 15 тивериополски свештеномаченици” кој се наоѓа во источниот дел на градот. Најстар објект е ранохристијанската базилика чиј под е украсен со полихромен мозаик на кој е претставен крст.

Таа е подигната, најверојатно во VI век, врз гробовите на Св. 15 Тивериополски свештеномаченици, во времето на Јустинијан.
Над оваа црква е изградена друга крстовидна црква во IX-X век. Во централниот дел на наодот на оваа црква е сместена засводена гробница со димензии, а на нејзиниот западен калкан е насликан заедничкиот портрет на мачениците, додека на северниот и јужниот ѕид се насликани крстови, ова воедно претставува еден од најстарите фрескоживописи во Македонија.

k_sv152

Храмот се споменува и во Грамотата на српскиот крал, Стефан Душан од 1348-1352 г. со која се подарува на манастирот “Св. Архангел Михаил и Гаврил” кај Призрен. Во османлискиот период храмот бил разрушен, за да во 1921 г. култот бил обновен преку подигнување на една мала капела.

19
Денешен изглед на црква потекнува од пред скоро четири децении кога е изграден како  еднокуполна и еднакорабн, а бил поставен и дрвениот иконостас. Во склоп на комплексот се наоѓа конак од отворен тип.

Comments are closed.

Capture