Улиците на Струмица осветлени со современи светилки

„Безбедноста на децата, учениците, но и на сите граѓани е од големо значење на локалната самоуправа предводена од мене како градоначалник, па убави и современо осветлени улици ќе биде заложбата која и во идниот период ќе ни биде во фокусот на управувањето со општината“, рече градоначалникот Коста Јаневски по синоќешното утврдување на состојбата со осветлувањето на улиците во градот.

Capture Со директорот на ЈП „Паркиралишта Струмица“, Верица Узунова, го проверија функционирањето на новото современо улично осветлување на повеќе локации во градот. Тоа значи дека постоечките натриумови и компактно флуоросцентни светилки се заменуваат со енергетски ефикасно ЛЕД осветлување кое има далеку поголем квалитет од постоечките светилки, долготрајност, а генерира и заштеди. Ново осветлување ќе добие и градскиот парк.

Comments are closed.

Capture