Неколку совети како правилно да ги изберете и чувате билките

Ако правилно се чуваат билките, ќе се одржат отприлика една година: чувајте ги на суво и темно место. Најдобро е билките да се чуваат на суво и темно место. Најдобро е билките да се чуваат во хартиени ќеси или стаклени садови. Стаклените садови немојте да ги затварате херметички, подобро покријте ги со платно кое пропушта воздух. Внимавајте да не се создаде талог.5hv1eIZ

Пред да ги ставите билките во шпајз, на пакувањето напишете го називот на билката, датумот, составот на чајната мешавина и намената.
Ако ви се случи да употребите стари билки немојте да се грижите. Не се опасни, најлошо што може да се случи е билката да го изгуби својството.
И децата може да пијат билни чаеви, секако, во помали дози. Подготвувате ли за дете напивка против кашлање, грип, отежнато варење, наместо 1 голема лажица од мешавината, ставете 1 мала лажица. Сепак, би било подобро да побарате совет од тревар или аптекар.

j4AMsDv

Запаметете дека се што е природно но не е и безопасно. Затоа, лековитите билки земајте ги внималтено и не без причина. Немојте сами да ги подготвувате чајните мешавини. Некои состојки не ги поднесуваат сите подеднакво. Освен тоа, она што некому му помага, кај друг може да предизвика друга реакција, спротивна, па дури и штетна. И камилицата, која е позната по своето смирувачко дејство, во некои случаи има раздразнувачки ефект.

Немојте од билките да очекувате спектакуларни резултати. Потребно е малку време за да се почувствува нивниот ефект. На пример, ефектот од уварокот против кашлањето и симптомите на зимските болести ќе се почувствува по 1 до 2 дена, а за постигнување смирувачки ефект на некоја билка мешавина потребни се од 5 до 10 дена.

Comments are closed.

Capture