ЖФК Тиверија гостува кај ЖФК Борец

Екипата на ЖФК Тиверија во недела гостува кај ЖФК Борец во натпревар од 11. коло од Првата женска фудбалска лига.

Со оглед на досега прикажаната игра во досегашниот тек од сезоната, ЖФК Тиверија е фаворит за победа на овој меч, но останува да видиме дали ќе ја оправда фаворитската улога, со оглед на тоа што ЖФК Борец игра на домашен терен и пред своја публика.

ФОТО: ЖФК Тиверија - facebook

ФОТО: ЖФК Тиверија – facebook

Тиверија има 9 победи и еден пораз и со 27 бода е на втората позиција, Борец има 7 победи, едно реми и два порази, и со вкупно 22 освоени бодови е на четвртата позиција на табелата.

Во однос на постигнатите погодоци, фудбалерките на Тиверија имаат постигнато 76 погодоци, што ги прави најефиктивни во лигата, додека имаат примено 6 погодоци, од друга страна фудбалерките на Борец имаат постигнато 64 погодоци, а примено 19.

 

Comments are closed.

Capture