Јосиф Христов член на Советот на општина Струмица го отвори државниот натпревар во стручното образование

Во рамките на проектот „Лидер 2017“ средното општинско училиште „Никола Карев“ беше домаќин на државниот натпревар за избор на најдобар ученик во струка од завршните години во стручното образование во електро, машинска и сообраќајна струка во Република Македонија. Натпреварот го отвори Јосиф Христов, член на Советот на општина Струмица.

24312766_1482426998477392_2651711520450020436_n-Задоволство ми е што можам да ве поздравам од мое лично име, од името на Советот на општина Струмица и се разбира од името на градоначалникот на општина Струмица, господинот Коста Јаневски, и да ви посакам плоден натпреварувачки ден во нашиот град и општина. Ја користам можноста, на сите ученици и професори кои се дојдени од разни градови на Македонија, да им посакам добредојде во Струмица, со надеж дека ќе понесат убави спомени од градот под Царевите кули. Чест е да се биде град – домаќин на натпреварот „Лидер на струка -
2017“ за ученици од електро-машинската и сообраќајната струка, од 11 стручни средни училишта, кој по четврти пат се одржува во нашава земја, а во организација на Министерството за образование и наука на Република Македонија и Центарот за стручно образование, а чиј домаќин е Средното општинско училиште „Никола Карев“ од Струмица. На сите ви посакувам успех во натпреварот, со надеж, победата да ја извојуваат најдобрите, но победници ќе бидете сите Вие ако од овој денешен настан излезете со поголемо искуство и секако со стекнување на нови пријателства, рече Христов.24900060_1482427001810725_4584080916721709784_n

Comments are closed.

Capture