Кривични пријави за двајца струмичани за неовластено производство и пуштење во промет на наркотични дроги

Секторот за внатрешни работи Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица, поднесе кривична пријава против  Д.Д (48) и М.Т (28) и двајцата од Струмица, поради постоење на  основано сомневање дека пријавените сториле кривично дело: „Неовластено производство и пуштење во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори„ предвидено во член 215 од КЗ  на Р. Македонија.policija-soobrakajka-630x32021

 

Имено, на ден 22.07.2017 година, по Наредба од  Судија за претхдона постапка при Основен суд-Струмица извршен е претрес во домот во кој престојува М.Т. Од превземеното истражно дејствије пронајдени се: 52 таблети психотропна супстанца МДМА; 27,72 gr. психотропна супстанца „амфетамин“; остатоци од психотропна супстанца „амфетамин“ и остатоци од психоактивна супстанца која влегува во состав на растението „Cannabis sativa“;

 

По целосно расчистување и документирање на настанот од страна на СВР-Струмица изготвена е кривична пријава и со материјалните докази доставена до Основно Јавно Обвинителство.

Comments are closed.

1