Во првиот ден од ЕКО акцијата собрани се 18 метри кубни отпад

Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ и општина Струмица започнаа со реализација на големата ЕКО акција во пресрет на новогодишно – божиќните празници. Во првиот ден од акцијата која што се реализираше во населбата Карпош собрани се 18 метри кубни разновиден отпад. Акцијата продолжува в недела на улиците „Невена Стојкова“, „Мирче Ацев“, „Орце Николов“, „Вера Циривири“, „Солунска“, „Загребачка“, „Кирил и Методиј“, „Стив Наумов“, „Партизанска“ и „Тодор Чучков“.24958661_1482176461835779_5250873699178246923_o
Се известуваат граѓаните кои што живеат на овие улици, доколку имаат отпад за фрлање, да го изнесат пред дворните места и да се јават на телефонскиот број на „Комуналец“ 034 325 909 за да биде подигнат.

Comments are closed.

Capture