Во Богданци се одржа втората седница на Советот за развој на Југоисточниот плански регион

Во просториите на домот на културата „Бранд Петрушев“ во Богданци, денеска се оддржа втората седница на Советот за развој на Југоисточен плански регион и првата, конститутивна седница на Меѓуопштинскиот одбор за управување со отпад на регионално ниво во Југоисточен плански регион. На седницата се утврди и листата на приоритетни предлог проекти за 2018 година доставени од десетте општини од југоистокот на Република Македонија. 24831314_1482409495145809_4605763947472845552_oМеѓу другото, на конститутивната седница на Меѓуопштинскиот одбор за управување со отпад се верификуваа мандатите на членовите на истиот и беше презентиран регионалниот план за управување со отпад во Југоисточниот плански регион. Со седницата претседаваше градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски, кој е и претседател на Советот за развој на Југоисточниот плански регион.24837587_1482409491812476_957944179381922832_o

Comments are closed.

Capture