Јаневски: Преку Локалниот совет за превенција се грижиме за безбедноста на граѓаните

„Јас како градоначалник и општина Струмица остануваме силен партнер во Локалниот совет за превенција и со сите расположливи капацитети ќе го даваме својот влог во безбедноста на граѓаните“, рече градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски, на денешната работилница на тема „Локален совет за превенција – улогата на градоначалникот“ која што се одржа во хотелот „Вила парк“. На работилницата која што се одржа по повод 9-ти делември – Денот на превенцијата ќе учествуваа претставници на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, на сите организациони единици при СВР–Струмица кои работат на зајакнување на концептот Партнерство помеѓу полицијата и заедницата, градоначалници и претседатели на Совети на општините од регионот.

24301286_1481395275247231_1649684556629817525_n-Задоволни граѓани во безбедни локални заедници е целта која не обедини и поради која денеска сме овде. Тоа потврдува дека како локални авторитети, сме ја оправдале довербата и го засилуваме партнерството во решавањето на локалните проблеми од безбедносен карактер. Чест ми е што сум градоначалник на општина која што меѓу првите ја препознала потребата од Локален совет за превенција и воспоставила квалитетна соработка меѓу општината, граѓаните и полицијата. Партнерствата не се едноставни, многу често се случува да не ја остварат посакуваната цел. Но, позитивните искуства од досегашното партнерство меѓу полицијата и заедницата покажа дека со флексибилност, взаемна доверба и почит, еднакви права и одговорности, партнерите можат одлично да функционираат и да создаваат сигурни и безбедни заедници. Токму поради тоа, јас како градоначалник и општина Струмица остануваме силен партнер во Локалниот совет за превенција и со сите расположливи капацитети ќе го даваме својот влог во безбедноста на граѓаните, рече Јаневски.24796367_1481395411913884_4862160492336084822_n

Comments are closed.

1