Афоризми на Ацо Ѓоргиев, дел 13

aco gorgievА бре, Македонче : Време е да каснеме од дрвото на спознанието.
Белким ќе сфатиме колку сме голи и боси.

***

Му ја зедоа мерката на народот.
Сега можат слободно да му го “скројат”.

***

Conditio sine qua non : Во Македонија за да бидеш граѓанин од прв ред, мора како ученик да си седел во магарешка клупа.

***

Помогни му на својот ближен.
Оти кога тебе ќе ти треба помош, тогаш нема да можеш да му помогнеш.

***

Тој што рекол дека утрото е попаметно од ноќта, сигурно рано си легнува.

***

Логика : Земјоделието мора да е најтешката работа.
Затоа ѓаволот ни ора ни копа.

***

На младите останува светот.
И долговите.

***

Мудроста во староста е дериват од наталожените глупости во младоста.

***

Сексот во долгогодишниот брак наликува на лош тон од стар грамофон.
Дилемата е дали е проблемот во плочата или е во иглата.

***

                                                                                   Пресумпција на невиност : Секоја девојка е невина.
Се додека не се докаже спротивното

 

Comments are closed.

1