Убедлива победа на Василево против Академија Кукла

Фудбалерите на Василево забележаа убедлива победа во дуелот против Академија Кукла со 5:0 во натпревар од 12. коло од Третата лига Југоисток.

Василево по поразот од лидерот на табелата Детонит минатото коло, денес повторно ја покажа својата доминација и го декласираше тимот од Куклиш.

FK Vasilevo 3

За екипата од Василево оваа е осма сезонска победа, додека за Академија Кукла шести сезонск пора. Василево останува втор на табелата со 24 бодови, додека Академија Кукла е петта со 15 освоени бодови.

Во следното коло Василево гостува кај Спартмани каде е фаворит за победа, додека Академија Кукла игра дома против Дојранско Езеро.

Comments are closed.

Capture