Пораз на Академија Пандев од Силекс

Академија Пандев претрпе нов пораз, шести оваа сезона во Првата македонска фудбалска лига, откако вчера на домашен терен загуби од Силекс со 0:1.

Новото непријатно изненадување за Пандевци го најави Ѓорѓевиќ во 15. минута од натпревар, резултат кој што остана до крајот на натпреварот.

Шкендија - Академија Пандев - Тетово - 27.08.2017

Академија Пандев останува на четвртото место, но сега со негатива од шест бода во однос на клубот од Кратово кој е трети на табелата со 31 бод. Академија Пандев има натпревар помалку, па така во случај на победа, ќе може да ја намали бодовната разлика во однос на третопласираниот Силекс на само три бода.

Лидер на табелата останува Шкендија која има 46 бода, но со зголемена бодовна разлика во однос на шампионот Вардар, кој загуби со 2:0 од Шкупи и сега има 32 бодови, но е со два натпревари помалку во однос на Шкендија, па во случај на победа, Вардарци би можеле да ја намалат бодовната разлика на на осум бода.

На дното од табелата е Скопје со 10 освоени бодови, Пелистер е деветти со 16 бода, додека Ренова како осмопласирана има 18 бодови.

Comments are closed.

Capture