Градоначалникот Јаневски ја отвори модната ревија на лицата со посебни потреби

Градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски заедно со две дечиња во улога на манекени, ја отворија модната ревија „Убави сме, свои сме“ која во организација на здружението за помош и поддршка на лица со даунов синдром од Струмица се одржа по повод меѓународниот ден на лицата со посебни потреби.

„Не само денеска и не само еден ден, лицата со посебни потреби ги заслужуваат нашето внимание и грижа и во останатите 364 денови, затоа што сите сме еднакви, само потребите ни се различни“, порача градоначалникот Јаневски.

На модната писта се појавија повеќе дечиња во придружба на познати личности, меѓу кои и сопругата на претседателот на Владата на Република Македонија, Зорица Заева.24131534_1478816152171810_1682293026291091655_n 24232110_1478816298838462_5724876998488655018_n 24232114_1478816052171820_5994089185718215829_n 24294086_1478816025505156_6708888250210959806_n 24296587_1478816038838488_289992211563748902_n

Comments are closed.

Capture