Втората сесија во рамки на Граѓанскиот буџетски форум ќе се одржи денес

Втората сесија во рамки на Граѓанскиот буџетски форум ќе се одржи денес, 04.12.2017 г. со почеток во 18.00 часот во Дом на АРМ – Струмица во големата сала.dom na arm

Целите на форумот се зголемување на учеството на граѓаните во процесот на носење на Буџетот на Општината и зголемување на транспарентноста на Општината.

Присутните граѓани ќе имаат можност да слушнат кои од нивните предложени проекти на првата форумска сесија ќе бидат дел од Буџетот за 2018 г., како и да ги проследат и да дискутираат за развојните програми на Општината и истите да ги рангираат.

Граѓанскиот буџетски форум во општина Струмицa го имплементира Центарот на заедницата на општина Струмица со финансиска поддршка од Фондацијата Отворено општество – Македонија.

Comments are closed.

Capture