Градоначалникот Јаневски ги посети граѓаните на улицата „Првомајска“ каде се урна потпорен ѕид

Обилните врнежи кои изминативе денови ја зафатија општина Струмица предизвика проблеми на улицата „Првомајска“, во горниот дел на градот.Имено, урнат е потпорниот ѕид на оваа улица, а веднаш по алармот од граѓаните на местото излезе градоначалникот Коста Јаневски, директорот на ЈПКД „Комуналец“, Зоран Ѓоргиев и раководители во ова јавно претпријатие.

Градоначалникот Јаневски се информираше за настаната штета и им вети на граѓаните дека уште утре, доколку дозволат временските услови, ќе почне санацијата на потпорниот ѕид.24067931_1478469212206504_577535164351764368_n 24177136_1478469202206505_5239801554383270722_n 24232030_1478469208873171_7126727865811225622_n

Comments are closed.

Capture