КК Струмица загуби од Шкупи

Кошаркарите на Струмица загубија од екипата на Шкупи од Скопје со резултат од 64:69 во натпревар од 8. коло од Првата кошаркарска лига.

 kosarka

Струмичани ја пропуштија можноста за нова и втора сезонска победа токму на овој меч. Првата четвртина заврши со резултат од 26:11 за Струмица, тоа беше добар старт за домаќините. Втората четвртина заврши со 14:18, со што гостите ја подобрија својата игра.

Третата и четвртата четвртија ги доби Шкупи со резултат од 11:15 и 13:25.

Последната четвртина беше клучна за победата на Шкупи и нови бодови за овој клуб.

По овој дуел, Шкупи е деветти на табелата со 10 бода, додека КК Струмица е 10-та со 9 освоени бодови. Во следното коло Струмица има тешко гостување кај Блокотехна, каде домаќините се апсолутни фаворити за победа.

Comments are closed.

Capture