Беласица есенски шампион во Втора лига – Исток

Екипата на Беласица есенскиот дел од сезоната во Втората лига – Исток го завршува на првото место на табелата со 30 освоени бодови.

Фудбалерите на Беласица есенскиот дел го заокружуваат со 9 победи, три ремиа и само еден пораз, при што имаат постигнато 33 погодоци, што ги прави најефиктивни, и примено само шести, со што ја имаат најдобрата одбрана.

Веднаш зад Струмичани, се наоѓа Борец со 26 бодови, кој во последното коо претрпе пораз во Кавадарци од Тиквеш со 2:0, со што сега велешани остануваат на негатива од 4 бода во однос на Беласица, но со натпревар повеќе.

Belasica - Plachkovica 11. kolo Vtora liga Istok - 04.11.2017

Брегалница е трета на табелата со 25 бодови. Штипјани остануват фаворит за првата позиција на табелата.

Кожув од Гевгелија есенскиот дел од сезоната го заврши на 4-тото место со 25 бодови, додека Тиквеш од Кавадарци е петти со 21 бод.

Плачковица како шесттопласирана го заврши есенскиот дел со вкупно 21 освоен бод, исто колку и клубот од Кавадарци. Радовишани имаат 7 победи и шест порази.

Саса е седма со 14 бода, Победа од Валандово осма со 11 бода, додека Осогово од Кочани со 8 освоени бодови е на деветтото место.

Турново за жал беше исклучен од натпреварувањето.

Comments are closed.

Capture