Тиверија домаќин на Напредок Радово

Тиверија во недела на домашен терен ќе ја пречека екипата на Напредок од Радово во натпревар од 12. коло од Третата лига Југоисток.

Двете екипи се идентични според својата форма, во поглед на тоа како одиграа и Тиверија и Напредок во досегашниот тек од сезоната, тоа значи дека оние гледачи кои ќе го проследат овој натпревар ќе гледа доста возбудлив меч кој ќе биде неизвесен до самиот крај.

FK_Tiverija.svg

Екипата од Радово е на треттото место со 18 освоени бодови. Во досегашниот тек од сезоната фудбалерите на овој клуб имаат забележано шест победи и три порази. Од друга страна Тиверија со два бода помалку е четврта на табелата, со пет победи едно реми и четири порази.

Во случај домаќините да победа на овој натпревар, тие ќе се искачат на треттото место со 1 бод повеќе во однос на Напредок, во случај на победа на гостите, тогаш Напредок ќе остане на треттото место со 5 бода повеќе во однос на Тиверија.

 

Comments are closed.

Capture