Спартмани гостува кај Партизан Баш

Екипата од Градско Балдовци, Спартмани, гостува кај Партизан Баш, во натпревар од 12. коло од Третата лига Југоисток.

Седмопласираната екипа на Спартмани влегува како фаворит во овој натпревар, пред се поради далеку подобрата игра, но и фактот што во минатото коло Спартмани на домашен терен ја декласираше четвртопласираната Тиверија со 5:0. Од друга страна, Партизан Баш минатото коло беше декласиран кај Академија Кукла со високи 7:4.

FK Vasilevo 4

Спартмани е седмопласирана екипа со 10 освоени бодови, а шанси да се искачи на шестото место се реални, со оглед на тоа што се фаворити за победа против Партизан Баш, додека Дојранско Езеро, тим кој што исто така има 10 бода и е шести на табелата, на домашен терен игра против незапирливот Детониот од Радовиш. Во таков случај Спартмани може да биде шести на табелата со вкупно 13 освоени бодови.

Партизан Баш е последен со само 1 освоен бод, и во случај на победа би имале три бода, со што ќе бидат на негатива од 4 бода во однос на Младост од Удово, кој е пласиран на осмата позиција.

 

Comments are closed.

Capture