Кривична пријава за четири лица од струмичко за насилство – се степале поради моторно возило

СВР Струмица поднесе кривична пријава против А.Ш. (35), Ѓ.Д. (28), Ј.Ш.(26), Е.Ш. (33) сите од Струмица, поради постоење на основи на сомнение дека сториле кривично дело „насилство“.policijalenta20144

На 25. ноември, во с.Василево-струмичко пријавените поради недоразбирање во врска со устен договор за купопродажба на моторно возило, дошле во дворното место на оштетените, каде извршиле насилство, при што А.Ш. физички нападнал едно од оштетените лица пред неговото семејство, меѓу кои имало и деца, кои во моментот на нападот од пријавените претрпеле страв и психичка траума.

Пред два дена во СВР Струмица, еден од оштетените пријавил дека на 27. ноември, Ѓ.Д. телефонски му се заканувал дека доколку не се откаже од гонење за пријавеното насилство ќе има проблеми.

Comments are closed.

Capture