КК Струмица на домашен терен го пречекува Шкупи

Екипата на КК Струмица утре со почеток од 14:00 часот на домашен терен ќе игра против Шкупи од Скопје, во натпревар од 8. коло од Првата кошаркарска лига.

Струмичките кошаркари влегуваат како благи фаворити за победа на овој дуел, пред се поради тоа што играат на домашен терен и пред својата публика. Во досегашниот тек од сезоната КК Струмица оствари само една победа, и со 8 бодови е на деветтата позиција на табелата.

kosarka

Шкупи исто така во досегашниот тек од сезоната има само една победа, и исто така со 8 бода е на десеттата позиција на табелата.

Лидер на табелата е Работнички со 14 освоени бодови, бод помалку има Блокотехна која е втора на табелата, додека на делба на третото место со по 12 бода се МЗТ Скопје и Карпош.

На долниот дел од табелата е Кожув како 12-ти и Пелистер како 11-ти со по 8 бодови.

Comments are closed.

Capture