Академија Пандев против Силекс

Екипата на Академија Пандев во недела на „Младост“ против кратовски Силекс ќе ги одмери силите во натпревар од 18. коло од Првата македонска фудбалска лига.

ФОТО: ФК Академија Пандев

ФОТО: ФК Академија Пандев

Фудбалерите на Силекс во овој момент се третопласирани со 28 бода, 3 бода повеќе во однос на Академија Паднев која е четврта. Во случај на победа Пандевци ќе се искачат на треттата позиција на табелата со 28 бодови, но ќе има натпревар повеќе за играње во однос на Силекс, па така во случај на победа на тој натпревар, струмичкиот клуб ќе има три бода повеќе во однос на четвртопласираната екипа, во тој случај Силекс.

На последните 5 натпревари во лигата, Силекс има три победи, едно реми и една победа, додека Академија Пандев има три порази, една победа и едно реми.

Лидер на табелата е Шкендија со 43 бода, додека шампионот Вардар е втор со 32 бода и два натпревари помалку во однос на тетовци. На долниот дел од табелата е Скопје, со 10 бодови како десеттопласиран, Пелистер е деветти со 16 бодови, Ренова осма со 17 бодови.

 

Comments are closed.

Capture