Екипата на Академија Пандев со 4:1 го победи Тетекс на домашен терен во натпревар од фудбалскиот Куп на Македонија, и обезбеди пласман во полуфиналето.
Фудбалерите на Панче Стојанов и во двата натпревари го победија Тетекс, во првиот со 0:2, во вториот со 4:1, и со вкупни 6:1 се пласираа во полуфиналето.
Скопје загуби од Ренова на домашен терен со резултат од 1:2, со што гостинските фудбалери обезбедија пласман во најдобрата четворка.
Победа на домашен терен ремизираше играјќи 2:2 против Пелистер. Битолчани во вкупен резултат од 4:7 обезбедија пласман за во следната фаза од фудбалскиот Куп на Македонија.
Comments are closed.