Намалете ја вашата тежина со млечна диета

Ако сакате брзо да ја загубите телесната тежина без трошење на вашето време (значи брза и кратка диета), можете да користите млечна диета. Ефектот од оваа диета е губење на околу 2 килограми за неверојатни три дена. 

domowe-zsiadle-mleko

Млекото е многу важен и корисен производ за човекот. Составот на млекото содржи витамини А, Б, Ц, Е, калциум и многу минерали, протеини. Пиење 1 литар млеко на ден, целосно ги задоволува потребите за протеини. Млечните производи, исто така позитивно влијае на целиот дегестивен систем, па дали користиме млеко заради губење на тежината или превенција, секогаш овој производ треба да биде присутен во најмалку еден оброк во различни форми (сирење, јогурт, кисело млеко…)

Млечната диета го намалува холестеролот во крвта, ги зајакнува коските, нервниот систем, ја нормализира цревната функција и ја подобрува микро флората. Исто така, оваа диета ја подобрува и кожата, па дури и ви помага да се ослободите од акните. Затоа, оваа млечна диета е толку популарна.

mleko

Со користењето на млеко и млечни производи во текот на оваа диета, вие не само што ќе ја загубите тежината, но, исто така, ќе обезбедите корисни материи за вашето тело, овозможувајќи да го подобрите важето здравје.

Млечна диета – мени:

Пред секој оброк, најпите се една чаша не-газирана минерална вода.

Појадок:  1 јогурт, 1 банана, чај со мед или кафе со млеко, без шеќер.

Ручек:  100 грама овес во вода или млеко, 200 г сирење, 1 чаша млеко.

Вечера:  1 варено јајце, салата со краставица во комбинација на природен јогурт или сирење со зеленчук, 1 чаша јогурт.

Вечера:  1 круша, 2 дл јогурт.

Упатства и совети:

За време на млечната диета треба да го намалите физичкиот напор исто така и да паузирате доколку спортувате (што не е голема пауза бидејќи диетата трае 3 дена).

За време на млечната диета, обидувајте се да се капите почесто, бидејќи така можете да го спречите стресот од глад.

Млечната диета може да ја повторите, после 7 до 10 дена, по три-дневниот циклус.

Comments are closed.

Capture