Василево го загуби дербито со Детонит Јуниор

Екипата на Василево со резултат од 3:2 го загуби дербито од Детонит Јуниор на градскиот стадион во Радовиш.

Василево го доживеа својот трет сезонски пораз, додека Детонит ја заокружи својата десетта сезонска победа. Со максимални 30 бода, Радовишани се на првата позиција на табелата, додека Василево е втор со негатива од 9 бодови.

ФОТО: ФК Детонит Јуниор

ФОТО: ФК Детонит Јуниор

Детонит ја покажа својата доминација на натпреварот.

Во следното коло Василево на домашен терен ќе игра против Академија Кукла, додека Детонит Јуниор гостува кај Дојранско Езеро.

 

 

Comments are closed.

Capture