Академија Пандев загуби од шампионот Вардар

Екипата на Академија Пандев загуби на „Младост“ од шампионот Вардар со резултат од 0:2.

За Пандевци оваа е вториот пораз на домашен терен сезонава, вкупно петти.

ФОТО: ФК Академија Пандев

ФОТО: ФК Академија Пандев

Оваа дерби привлече големо внимание на фудбалската јавност, на натпреварот беа присутни и навивачите на Вардар.

Гостите во водство дојдоа во 45. минута откако Максимов ја затресе противничката мрежа. Овој резултат беше се до 88. минута, кога Стојков ги постави конечните 0:2.

По овој натпревар, Вардар сега има 32 бода и се наоѓа на второто место, на негатива од вкупно 11 бодови во однос на првопласираната Шкендија, но во два натпревари помалку. АКадемија Пандев сега е на четвртото место со 25 бода, на негатива од 3 бода во однос на третопласираниот Силекс, но со натпревар помалку.

 

 

Comments are closed.

Capture