Академија Кукла го декласираше Партизан Баш

Академија Кукла со резултат од 7:4 беше убедлива против екипата на на Партизан Баш, во натпревар од 11. коло од Третата лига Југоисток.

FK Akademija Kukla

Клубот од Куклиш ја оправда фаворитската улога со својата доминација на овој натпревар. Со својата петта сезонска победа, Академија Кукла е петтопласирана со вкупно 15 освоени бодови, и има негатива од 1 бод во однос на Тиверија, која е четврта и 3 бода негатива во однос на Напредок Радово кој е трети, додека Партизани Баш со 1 освоен бод се наоѓа на последното деветто место на табелата.

Во следното коло Академија Кукла ќе има тешко гостување кај Василево, додека Партизан Баш е домаќи на Спартмани, Младост од Удово е слободен.

Comments are closed.

Capture