Eден загинат и двајца повредени во сообраќајна несреќа во Струмица

На 25.11.2017 година во 20.00 часот на локалниот пат Струмица-с.Просениково се случила сообраќајна незгода во која П.А. (32) од Струмица, управувајќи патничко возило „Фолксфаген Шаран“ со струмички регистарски ознаки, поради неприлагодена брзина кон условите на патот, изгубил контрола над возилото удрил во бетонски столб и метална врата од дворот на поранешен објект на Македонската радио дифузија. policija-soobrakajka-630x32021Во незгодата сопатникот М.М. (35) од Струмица се здобил со тешки телесни повреди, и на пат за Медицински центар Струмица тој им подлeгнал на повредите. Возачот П.А. и другиот сопатник Р.А. се здобиле со телесни повреди. Тие биле пренесени и задржани на лекување во Медицински центар Струмица. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР Струмица.

Comments are closed.

Capture