ЖФК Тиверија против ЖФК Драгон во дерби на колото

Екипата на ЖФК Тиверија денес гостува во Скопје кај ЖФК Драгон, во натпревар од 9. коло од Првата женска фудбалска лига.

Овој натпревар е дерби на колото, и натпревар кој ќе одлучи, кој ќе биде лидер на табелата.

ZFK Tiverija - trening 23.11.2017

Во досегашниот тек од сезоната, и двете екипи имаат максимални осум победи и 24 освоени бодови, со што се на делба на првото место. Фудбалерките на Драгон од Скопје во овие осум лигашки натпревари, имаат постигнато 67 погодоци, со што се најефикасни, а имаат примено само три, со што ја имаат најдобрата одбрана. Од друга страна, фудбалеркте на Тиверија, имаат постигнато 62 гола, а примено 4.

Натпреварот се игра денес со почеток од 13:00 часот на стадионот „Славија“ во Пржино, Скопје.

Comments are closed.

Capture