ЖФК Тиверија загуби од ЖФК Драгон

Екипата на ЖФК Тиверија го доживеа првиот сезонски пораз во Првата женска фудбалска лига од ЖФК Драгон од Скопје, со резултат од 2:0.

За фудбалерките на Тиверија оваа е прв сезонски. Домашната екипа ги искористи своите шанси и ја оствари својата деветта сезонска победа.

ZFK Tiverija - trening 23.11.2017

Со максимални 27 бода, Драгон е на првата позиција на табелата, додека ЖФК Тиверија со 24 освоени бодови останува на втората позиција на табелата.

Во следното коло ЖФК Тиверија на домашен терен ќе игра против ЖФК Тетово, клуб кој што се наоѓа на осмото место, со 9 освоени бодови, додека ЖФК Драгон гостува кај петтопласираната екипа на ЖФК Истатов.

Comments are closed.

Capture