Академија Пандев во недела домаќин на шампионот Вардар

Екипата на Академија Пандев во недела ќе биде домаќин на актуелниот шампион Вардар, во натпревар од Првата македонска фудбалска лига.

Интересот во Струмица е огромен поради што Академија Пандев донесе одлука да ги отвори вратите и на северната трибина од градскиот стадион „Младост“. Тоа значи дека гледачите на натпреварот ќе бидат сместени на двете големи трибини (јужната и северната) и се очекува тие да бидат исполнети до последното место.

Шкендија - Академија Пандев - Тетово - 27.08.2017-2

Спектаклот ќе го комплетираат гостинските навивачи кои. Вардар најави присуство на „Комити“ на овој натпревар, а тие ќе бидат сместени на зпаадната трибина која е зад еден од головите.

Екипата на Академија Пандев е третопласирана на табелата со 25 освоени бодови, додека Вардарци со 29 бода се пласирани на втората позиција, и имаат негатива од 11 бода во однос на лидерот на табелата Шкендија.

Натпреварот се игра на „Младост“ со почеток од 13:00 часот.

Comments are closed.

Capture