Премиерите Заев и Борисов положија свежо цвеќе пред споменикот на поранешниот Претседател на Република Македонија Борис Трајковски

Претседателите на Владите на Република Македонија и на Република Бугарија, Зоран Заев и Бојко Борисов, денеска положија венци свежо цвеќе пред споменикот на поранешниот Претседател на Репубика Македонија, Борис Трајковски, во Струмица.

 23754773_1488505937932646_4835063800881421207_n

Двајцата премиери по оддавањето почит за Борис Трајковски, ги отпочнаа работните активности на заедничката седница на двете владини делегации. На оваа седница која доаѓа како резултат од

Договорот за пријателство, добрососедство и соработка се разговара за продлабочување на соработката во областа на економијата, енергетиката, инфраструктурата, прекуграничната соработка, потребните реформски процеси за европските и евро-атлантските интеграции. На седницата ќе бидат потпишани повеќе билатерални договори.

 23795147_1488505781265995_294872845147032057_n

Двете Влади денеска ќе потпишат заедничка Декларација од првата средба меѓу Владите на Република Македонија и Република Бугарија, во која се нотирани заложбите за унапредување на соработката во сите сфери.

 23794898_1488506271265946_1187904688675535118_n

Според агендата на овој настан, како завршница на програмата ќе се одржи заедничка прес конференција на двајцата премиери, како и свечено предавање на донација на општина Струмица од страна на Владата на Република Бугарија.23844853_1488506184599288_1775766740918210002_n

Comments are closed.

Capture