Дерби на колото: Василево во Радовиш му гостува на Детонит Јуниор

Дерби натпреварот помеѓу Детонит Јуниор и Василево е најзначајниот дуел од 11. коло од Третата лига Југоисток, кој ќе се одигра на градскиот стадион во Радовиш, во недела.

Лидерот на табелата радовишки Детонит ќе биде домаќин на оваа дерби кое ќе привлече најмногу внимание. Радовишани ќе важат за благи фаворити за победа, пред се поради нивната одлична игра оваа сезона, но и поради тоа што играа на домашен терен и пред своја публика.

FK Vasilevo 3

Василево е втор на табелата со шест бода помалку, односно со 7 сезонски победи и два порази, со што ќе важат за сериозен противник, и можноста Детонит да го доживее првиот сезонски пораз, или првото реми за оваа сезона.

Во поглед на постигнатите погодоци, Детонит има постигнато 53, со што ги прави најефикасни, додека Василево со 37, се втори по постигнати голови, од друга страна, Радовишани имаат примено 5 гола, што ги прави клуб со најдобра одбрана, додека Василево има примено 18 погодоци.

Натпреварот се игра во недела, на градскиот стадион во Радовиш, со почеток од 13:00 часот.

 

 

Comments are closed.

Capture