Владата на Република Бугарија на општина Струмица и донираше специјално возило за превоз на лица со посебни потреби

Општина Струмица денеска беше домаќин на заедничката седница на владите на Република Македонија и Република Бугарија која што се одржа во просториите на домот на АРМ. По тој повод, а потврдувајќи ги добрососедските односи, Владата на Република Бугарија на општина Струмица и донираше специјално возило за превоз на лица со посебни потреби. Клучевите од возилото наградоначалникот Коста Јаневски му ги врачи бугарскиот премиер Бојко Борисов. На примопредавањето на клучевите присуствуваше и претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев.23926569_1468569199863172_277216426017600304_o
Оваа донација не е само потврда на добрососедските односи меѓу двете држави, туку и потврда на заложбите на двете страни за подобрување на условите за живот на сите ранливи категории граѓани. Специјалното возило значи поголемо вклучување на лицата со посебни потреби во сите сфери на локалното одлучување и општествено живеење. Лицата со посебни потреби, биле и остануваат приоритет на општина Струмица.23754739_1468569156529843_3733549628239669667_n 23844528_1468569113196514_7182545691541628647_n 23847131_1468569203196505_7627467428047782436_o

Comments are closed.

Capture