Апел за помош на Марина Јовановска- Да и помогнеме да не го изгуби видот

На младата Марина Јовановска, родена 1993 година и е потребна нашата помош. Пред неколку месеци, на Марина и беше дијагностицирана ретка дијагноза на очите ( degeneration of macula and posterior pole), која што може да доведе до целосно губење на видот. Оваа медицинска состојба го напаѓа видот и пополека доведува до слепило доколку не се третира на време. Состојбата на едното око кај Марина веќе е доста влошена со над 95 % оштетеност, со можност да се прошири и на другото око. Според наодите дадени од специјалисти, за жал лекување на оваа дијагноза нема во Македонија, па затоа интервенциите мора да се вршат во странство. Марина веќе еднаш со помош на хуманите луѓе беше на третмани во Берлин, кои се покажаа како доста успешни, но мора да се продолжат во континуитет.marina

Потребни се средства за вториот третман и второ лечење во Германија и мора брзо да се реагира. Да и помогнеме на Марина да го зачува својот вид и да не дозволиме болеста да се прошири.  Да собереме 10 000 евра, за младата девојка што побрзо да замине на третмани и да го спаси окото.

Донирајте на следните телефони:

T mobile 070/071/072 143 191

Vip/One 075/076/077/078 143 467

 

Или пак на  сметка( Комерцијална Банка) со назнака- За Марина Јовановска

300007100530695

Comments are closed.

Capture