Академија Кукла е домаќин на Партизан Баш

Екипата на Академија Кукла во недела на домашен терен ќе ги одмери силите против Партизан Баш во рамките на 11. коло од Третата лига Југоисток.

FK Akademija Kukla

Клубот од Куклиш е фаворит за победа на овој натпревар против гостите од с. Башибос, Валандово.

Академија Кукла е петтопласирана на табелата со 12 освоени бодови, при што во досегашниот тек од сезоната има забележано 4 победи и пет порази, додека Партизан Баш кој е последен на табелата со само еден освоен бод, има осум порази и едно реми.

Comments are closed.

Capture