АРХИВА:Интервју со Васил Гарванлиев – од „Марионка’’ до светски баритон

1234200_661438193889815_471442039_n

Некогаш како дете запеа и стана познат, по веќе антологиската детската песна „Марионка’’,а  денес го освојува светот како оперски пејач. Како и каде живее Васил Гарванлиев сега, што припрема за бесплатниот концерт кој ќе се одржи  во петок во Струмица…  дознајте низ следното интервју…

•Каде сега живее Васил, со што се занима?

Искрено кажано, моментално „живеам во куфер’’. Патувам цела година од договор до договор (Амстердам, Швајцарија, Лондон, Чикаго, Њујорк, Торонто, Париз, итн.).

Од седма година сум соло пејач и тоа си останав. Почнав со детските фестивали, па хорско пеење и музикли во Чикаго и низ Америка, студирав соло пеење во Кралскиот конзерваторижум во Торонто и Универзитет на Торонто Оперска школа… Шест години со стипендија.

Сега веќе две години сум под договор со IMGArtists во Њујорк и Лондон, и сум баритон кој сака светот да го освои со својата приказна и глас.

•Колку често доаѓаш во Струмица? Дали се за тебе таа променила?

Многу ретко во последните 15 години. Но, почнав често да идам од лани. Првиот пат ми беше најголем шок зошто премногу беше променета, како голем „фејс лифт’’ да има направено на многу убав начин.

1234200_661438193889815_471442039_n

фото: Сречко Гунчев

•И после 20 години, децата сеуште ја слушат во градинките твојата песна „Марионка’’. Кое е чувството кога знаеш дека имаш оставено нешто препознатливо позади себе?

Многу мило и топло. Бев за Грција скоро и застанавме со другари да купиме нешто. Јас не влегов во дуќанот и останав да чекам на паркинг. До нас имаше паркирано аутомобил со македонски таблици во кој мајка и  девојче пуштеше наши детски песни. Првата беше „Ех, тој Тоше’’ која ме насмеа зошто сум много близок со Сања, и потоа почна „Марионка’’.  Од првата секунда ме пресече на колената и срцето ми затрепери. Солза ми потече, и си реков во себе – „Види која е моќта на музиката!’’. Таа вечно трае и знае како да патува од срце до срце.

•Дали е вистина дека не ти се допаѓаше на почеток „Марионка’’ и дека ја имаш отпеано на наговарање на другите?

Да! Плачев да не ја пеам. Се залубив во песната „Вардар’’, лесна лирска бавна песничка. Можеби тоа беше знак дека се бидам оперски пејач.

Се секавам како за „Марионка’’ Летка Димовска Полизова ми велеше : „Ќе бидеш ѕвезда со таа песна! Знаев од почеток дека треба да биде твоја, и за тебе.’’

•Од каде е идеата да направиш концерт во родниот град?

Comments are closed.

1