Струмичката полицијата пронашла 21 килограм марихуана

Секторот за внатрешни работи Струмица до Основното јавно обвинителство – Струмица, поднесе кривична пријава против З.Б (52) од Струмица, поради постоење на основано соменение дека сторил  кривично дело – “неовластено производство и пуштење во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, предвидено во член 215 од КЗ  на Р. МакедонијаDSC_0101

Имено, на 30-ти октомври  2016 година од страна на  гранична полиција во реонот на  граничен камен 12,  поточно кај м.в “Војничка чешма“ пронајдена е опојна дрога марихуна во количина од околу  21 килограм.

Од страна на СВР-Струмица превеземни се мерки и активности во насока на утврдување и идентификување на сторителот кој критичната вечер имал намера опојната дрога да ја криумчари, како и на идентификување на организарите на овој кривично правен настан.

Од превземените мерки и активности   од страна на СВР-Струмица обезбеди се материјални докази за инволвираноста на пријавениот во кривично-правниот настан. Исто така, вчера (21.11.) по претходно добиена наредба од страна на судија на претходна постапка при Основен суд Струмица, извршен е претрес на дом и други простории каде што живее пријавениот. При претресот се пронајдени непозната бела прашкаста материја со маса од околу  19 грама и непозната растителна материја со маса од околу 25 грама (кои се дадени на дополнително вештачење); како и 16.200 денари, 4.055 евра, 120 швајцарски франци, 65 турски лири, 1000 унгарски форинти и 20 полски злоти; мобилни телефони и дигитална вага.

По целосно расчистување и документирање на настанот од страна на СВР-Струмица  изготвена е кривична пријава и со материјалните докази доставена  во ОЈО-Струмица. DSC_0003

Comments are closed.

Capture