Родителите и учениците заедно во проектни активности за меѓуетничка интеграција во образованието

Учениците, наставниците и родителите од подрачното училиште во село Банско, кое работи во состав на ООУ „Маршал Тито“ од Муртино, како и учениците и нивните наставници од ООУ „Маршал Тито“ од Струмица реализираа заеднички часови по наставниот предмет Општество. 106_8061Овие планирани активности произлегуваат од проектот „Јакнење на меѓуетничката соработка со општините“, финансиран од Детската фондација Песталоци од Швајцарија, а спроведуван од  Македонскиот центар за граѓанско образование од Скопје и општина Струмица како партнер во овој проект.

            Преку заедничкото дружење, цртање и игри на асоцијација учениците кои следат настава на различни наставни јазици, имаа можности да ги следат наставните содржини согласно наставната програма, а особено да се запознаваат со културата како специфична карактеристика на секојдневниот живот на човекот, да ги сознаваат и почитуваат културните и верските различности на луѓето во пошироката околина, како и да ги запознаваат примерите од македонската културна традиција, како и од традициите и културата на другите заедници во Република Македонија и да ги развиваат способностите за сознавање на непосредната општествена средина.106_8101

            Општина Струмица активно е вклучена во соработката на училиштата со локалната заедница и ја дава поддршката за успешна реализација како во редовната настава, така и во воннаставните активности.

Comments are closed.

Capture