Кривични пријави за три момчиња од струмичко за сторено кривично дело „одземање на возило“

СВР Струмица поднесе три кривични пријави против Н.П. (19) и едно лице на возраст од 15 години двајцата од село Ангелци-Василево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „одземање на возило“. policija-soobrakajka-630x32021Пријавените ова кривично дело го сториле во повеќе наврати во текот на минатиот и почетокот на овој месец. Прво на 18.10. од дворно место во с.Градошорци одзеле трактор со кабина, потоа ноќта на 25/26.10. од дворно место во с.Костурино одзеле трактор, наредниот ден 27.10. во Струмица на улица „Иљо Шопов“  одзеле возило „Југо Корал“. Потоа ноќта помеѓу  28 и 29.10. во Струмица на истата улица одзеле возило „Опел Астра“. И последниот случај – ноќта помеѓу 06/07. овој месец во Струмица на улица „Јанко Цветинов“ одзеле возило „Југо Корал 45“.

Comments are closed.

Capture