Преглед на колото: КК Струмица со прва сезонска победа

Кошаркарите на Струмица во саботтата го одиграа 7. коло од Првата кошаркарска лига, каде што гостуваа во Битола кај Пелистер.

На ова гостување КК Струмица ја забележа својата прва сезонска победа, со резултат од 76:86. Струмичани по 7 одиграни кола дојдоа до својата прва победа, откако на претходни шест натпревари претрпуваа порази.

 kosarka

За Струмица е значајна ова победа, бидејќи сега е деветтото пласирана, и има негатива од 2 бода во однос на шестопласираната екипа, односно можност да се искачи уште неколку места на табелата во случај да направи низа од победи.

Во следното коло КК Струмица на домашен терен игра против Шкупи од Скопје, клуб кој што исто така во минатото коло за прв пат дочека сезонска победа, со што сега овој клуб е десетти на табелата со исто така 8 освоени бодови.

Струмичани на овој натпревар се благи фаворити за победа, а мотивот за нови бодови и нова победа кај КК Струмица е голем.

По 7. одиграни кола состојбата на табелата во Првата кошаркарска лига е следна: Работнички со 14 бода е прв, Блокотехна е втора со 13 бода, 12 бода има Карпош кои што е трети на табелата. На дното од табелата е Кожув, а место погоре, односно 11-ти е Пелистер со по 8 бода.

Comments are closed.

Capture