Неверојатната легенда за Свидовица – селото на вдовиците

Село Свидовица се наоѓа во подножјето на планината Беласица, југоисточно од градот Струмица, во непосредна близина на село Куклиш. Кога дошле Турците – Османлии на овие простори, селото Свидовица станало чифлик. Христијанското население било истиснато од муслиманите, поради што морало да се пресели во соседното село Куклиш. Така Свидовица било чисто турско село се до Првата светска војна кога голем број од муслиманското население се вратило назад во Турција.

car samoil vojska

Преданијата кажуваат дека селото има старо потекло. Постои една стара легенда за тоа како настанало името на селото. Според неа, за време на битката на Беласица во 1014 година, во редовите на Самуиловата војска имало и многу војници од Струмичката област, како и од тогашното село Ораше (денешна Свидовица). Во оваа крвава битка загинале сите мажи од селото Ораше. Жените останале вдовици или на српски (сви-вдовици). Легендата вели дека со комбинација на тие два збора, тогашното село Ораше било преименувано во денешна СВИДОВИЦА.

car samoil

Comments are closed.

1