ЖФК Тиверија го прегази ЖФК Њу Јорк

Екипата на ЖФК Тиверија во неделата на домашен терен ја пречека екипата на ЖФК Њу Јорк од Скопје, во натпревар од 8. коло од Првата женска фудбалска лига.

Домаќините на овој натпревар беа апсолутни фаворити за победа, а тоа го потврдија и со убедлива победа од 10:0.

ФОТО: ЖФК Тиверија - facebook

ФОТО: ЖФК Тиверија – facebook

Фудбалерките на Тиверија својата доминација ја покажаа уште од самиот старт на натпреварот.

Стрелци на головите за Тиверија беа: Николовска 2 погодоци, Димовска со хет-трик, Дервиши со 1 гол, Бошкоска со два погодоци, Митревска и Ристовска со по еден погодок.

По ова убедлива победа, ЖФК Тиверија е второпласираната со максимални 24 бодови, исто колку што има и првапласиратана екипа на Драгон 2014. ЖФК Њу Јорк од Скопје останува на 11-тата позиција без ниту еден освоен бод.

Во следното коло, кое се игра во недела, ЖФК Тиверија ќе има тешко гостување кај првопласираната екипа на ЖФК Драгон 2014. Во случај да победа Тиверија, тогаш ќе биде првопласирана со 3 бода предност во однос на Драгон 2014.

Comments are closed.

Capture