Учениците од музичкото училиште „Боро Џони“ постигнаа одлични резултати на меѓународниот натпревар во Охрид

По 5-ти пат во Охрид се одржа меѓународниот натпревар по музика „Охрид те сакам“ за сите видови инструменти, кој беше поделен на дувачки инструменти, жичени инструменти, камерна музика и клавир. Учесници на натпреварот беа ученици од основните, средните училишта и студенти од повеќе држави во регионот. Жири комисиите исто така беа составени од професори од повеќе држави меѓу кои беше и професорот од музичкото училиште Боро Џони м-р Васко Пиличев. 23722407_1465670240153068_8620452468124668844_n
На овој натпревар учениците од музичкото училиште „Боро Џони“ од Струмица постигнаа одлични резултати: прва награда Велјан Дојчинов – гитара, втора награда Кирил Ичков – гитара, прва награда трио гитари Христијан Мираковски, Александра Цветанова, Ангела Мицевска професор м-р Васко Пиличев. На овој натпревар освоени се и прва награда квинтет составен од Шабан Ахмедов – кларинет Славица Томова – флејта Матеа Димова – виолина Саве Самаракова – контрабас Ангела Крстевска – клавир, втора награда квинтет во состав Сабедин Арифов – клавир Стефан Памуковски – хармоника Саве Самаракова – виолина Рахаела Цветкова виолина Бојан Мицев – контрабас, втора награда квартет во состав Саве Самаракова – виолина Славица Томова – флејта Бојан Мицев – контрабас Магдалена Мучева – Клавир професори на трите состави : Костадинка Ончева Ана Тимова Цунева Гиго Вета Тони Михајлов и Петар Стојанов и втора награда Ива Костевска – клавир под менторство на професорот Зоран Мазнејков.23795574_1465670130153079_7883608259742130327_n

Comments are closed.

Capture