Преглед на колото во ТМФЛ Југоисток: Убедливи победи за Тиверија, Василево и Напредок Радово

Викендот се одигра 10. коло од Третата македонска фудбалска лига Југоисток, каде беа одиграни вкупно четири натпревари.

Првиот натпревар се одигра помеѓу Тиверија и Академија Кукла. На овој натпревар беа постигнати 6 погодици и сите од страна на домаќините. Тиверија ја запиша својата петта сезонска победа и со вкупно 16 бодови е на 4. место на табелата, додека Академија Кукла е петта со 12 бода.

Belasica - Rudar 11.09.2016 - 2 kolo Treta liga Istok

Василево на „Цар Самоил“ беше убедлив со 9:0 над Младост од Удово. Гостите беа декласирана, а домаќините уште еднаш ја покажаа својата доминација. Василево е втор на табелата со 21 бод, и има шест бода негатива во однос на Детонит Јуниор од Радовиш. Младост Удово е осми на табелата со 7 освоени бодови.

Напредок од Радово на домашен терен го прекази тимот на Спартмани со 4:0, со што клубот од Радово е на третото место со 18 бодови, додека Спартмани остануваат седми со 7 бода.

Лидерот на табелата Детониот Јуниор со 1:9 го декласираше на гостински терен Партизан Баш.

Прв на табелата со 27 бодови е Детонит, втор Василево со 21, додека третопласиран е Напредок од Радово со 18 бодови.

На дното од табелата е Партизан Баш со 1 освоен бод.

Comments are closed.

Capture