Преглед на колото во ВМФЛ: Беласица не успеа да го победи Осогово во Кочани

Екипата на Беласица викендот гостуваше во Кочани каде го одигра натпреварот против Осогово, во рамките на 13. коло од Втората македонска фудбалска лига.

Фудбалерите на Беласица важеа за фаворити за победа, но не успеа да ја оправдат фаворитската победа, бидејќи домаќините успеа да пружат голем отпор и да се изборат за значен бод од овој дуел.

Натпреварот заврши без погодоци, односно 0:0.

Belasica - Plachkovica 11. kolo Vtora liga Istok - 04.11.2017

За струмичани ова е трето сезонско реми, додека за Осогово второ. Со вкупно 30 освоени бодови Беласица е лидер на табелата и има четири победа повеќе од второпласиранито Борец и 5 во однос на штипска Брегалница која е трета, Осогово останува и понатаму на дното, како деветтопласиран со 8 освоени бодови, и има негатива од 3 бода во однос на Саса која е осма и Победа од Валандово која е седма со по 11 освоени бодови.

Во следното коло, Беласица гостува во Валандово кај Победа, каде што се повторно фаворити за победа, со што имаат можност да ја зголемат нивната бодовна разлика во однос на Борец, кој има тешко гостување кај Тиквеш во Кавадарци.

Дуелот од дното на табелата е помеѓу Саса и Осогово на градскиот стадион во Македонска Каменица. Во случај на победа Осогово ќе има можност да се врати во игра за седмата позиција, во случај да Саса победи, тогаш ќе има можност да се искачи на седмата позиција со три бода предност, со оглед на тоа што Победа од Валандово има тежок натпревар против Беласица, и нивните шанси за нови три бода се мали.

 

Comments are closed.

Capture