Беласица ремизираше во Кочани

Фудбалерите на Беласица денес на гостувањето во Кочани ремизираа, играјќи 0:0 против екипата на Осогово.

После три последователни победи, домаќините ја прекинаа победничката серија на Беласица.

Belasica - Osogovo 23.09.2017 - 2

Гостите во текот на целиот натпревар ја имаа доминацијата, го имаа и поседот на топката, со безброј шанси за гол, но сепак немаше успешна реализација за гол.

И по ова реми Беласица и понатаму е на првото место на табелата со 30 освоени бодови, додека Осогово и понатаму е деветти на табелата со 8 освоени бодови. Во следното коло Беласица гостува кај Победа од Валандово, додека Осогово патува во Македонска Каменица кај Саса.

 

Comments are closed.

Capture